Ден по ден, расте животот
Ден по ден, расте животот.
А дека е важна секоја секунда
ќе сфатиш дури во последната минута.
Толку луфта, меѓупростор, празен ôд…
Зјапање во празно, гледање лоши филмови,
денгубење, читање тешки глупости…
Ќе се умориш ли од мрзеливоста?
Од лежењето на тросед поголем лезет
ти е само нуждењето во фејсбукот-клозет.
И сите тие глупави размисли –
има ли нешто побесмислено од
мислите за смислата на постоењето?
Ден по ден, расте животот.
А не треба да стигнеш до крајот
за да сфатиш дека ништо
значајно не си направил,
ниту пак ќе направиш.
Посетено 456 пати