Доаѓам од послич и пуштам ТВ. Ми се паѓа “Звезде Гранда”


Доаѓам од послич и пуштам ТВ. Ми се паѓа “Звезде Гранда”.

Јелена Карлеуша му се обраќа на детуле кое тазе испеало песна:

(парафразирам)

“Ти са оним муљавим окицама, погнута главица, ма она устица стиснута…ма ти глумиш стид и понизност , кажеш себи – ма само да ме пусте – е неЧе моЧи, неЧеш проЧи” – му се дереше на детулето.

Тоа кутрото препаднато тивко изговори – “није ми било добро”.

Онаа жена, она пластично чудо, требаше да заработи кривична пријава за навреда на достоинството и честа на детето. Нема шанси! Чудото е ѕвезда, поим за успешност на екс ЈУ просторот😤?😤😱

Потоа, Аца Лукас продолжи во истиот кромањонски стил да навредува…..Сменив канал.

Салата ” Борис Трајковски” е преполна кога гостуваат овие нелуѓе. Народ их воли, шта Чеш!

Посетено 1.974 пати