Да сонуваш со отворени очи!
Да сонуваш со отворени очи
и кога темнината светка.
Да сонуваш со отворени очи
и кога душата од немоќ ти трепка.
Да не губиш надеж и тогаш кога
мслиш дека сиот свет води бесмилосна борба против тебе.
Да не губиш надеж и тогаш кога
чувствуваш дека го губиш тлото под нозете.
Да веруваш во себе,
како што сакаш да веруваат другите во тебе.
Да веруваш во себе,
како што ти веруваш во хероите.
Да станеш откако илјада пати ќе паднеш,
ќе се извалкаш и ќе се повредиш.
Да станеш откако в грбот ијладници ножеви
ќе ти се соберат, а ти тивко ќе крвариш.
Да бидеш вистинскиот ти и тогаш
кога другите ќе се обидат да те убедат во спротивното.
Да бидеш вистинскиот ти и тогаш
кога ти чувствуваш дека се губиш во одразот на огледалото.
Да зборуваш јасно и гласно против сите
кои се обидуваат да те замолчат.
Да зборуваш јасно и гласно секој пат
кога чувствуваш дека занемуваш.
Да кажеш најсилно на свет:
ЈАС СУМ НЕИЗБРИСУСЕН ДИЈАМАНТ!
Затоа што токму ова еден човек еднаш ми кажа:
Сонувај, сонувај секогаш со отворени очи…
И секоја твоја желба еден ден ќе стане реалност,
пореална од секој одраз во огледалото,
појасна од секој изустен збор,
посилна од секој нов забиен нож.
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира