Да не може човек на викенд со другарките да си појде (Приказни од хотелот)

Ричард е тука веќе четири месеци. Ги дочекавме и испративме сите празници. Се направивме тапани и двајцата од руски салати и кифлички. Кој рече дека бизнисменките не знаат да готват? Глупости! Чим не се отру до сега, добро е. Моето готварско искуство се сведува на две години, од кои година и пол готвам полуготова храна од Веро. Не е баш за фалење, нели? Ама нема врска, Ричард е среќен! Само прави: мх, мх… Ме потсеќа малку на Алачки. Не знам дали тоа е во ред?!

Нејсе… Ричард почнува да се навкнува на атмосферата во хотелот. Веќе недела дена не се шета по боксерици низ ходници. Тоа е веќе напредок. Иако ми годеше, некако муштериите почнаа да ме прашуваат кој е фраерот што се вртка наоколу. Го споредија со Аполон. Само и жените не беа рамнодушни. Хмм… Најубаво е да си шета облечен. Сигурно си е сигурно.

Го оставив во саботата и неделата да се справува со моите секојдневни предизвици. Мислам викенд, милина. Сопружниците си се по дома, глумат семејна атмосфера по фамилијарни рукчкови. А, јас отидов до Охрид со другарките. Едната мажена со две деца, другата разведена без деца и старата никогаш омажена. Како „Сексот и градот“ за сиромашни сме. Се беше супер, додека не ми се јави Ричард:

„Бејби, тука е хаос. Кога ќе можеш да си дојдеш. Некои гости едноставно не можат без да направат хаварија. Те молам, дојди!“

Што да правам. Ричард не е навикнат на нашиот шарен и несфатен менталитет. На ум ми паднаа мал милион работи што би можеле да се десат. Али чим Ричард ме вика, значи нешто стварно не е во ред.

„Океј, душо. Трагаме.“

Другаркиве не сакаа да си одат. Оваа што има деца е пресреќна што свекрва и пуштила срце да и ги чува, оваа немаженава се мува со некој Хрват. Ја прашувам Мими, која патем е онаа разведената дали е расположена да си оди.

„Ох, ајде. Не можам да ја слушам Сандра како ми се жали за децата и мажот. А, Надица е на друга планета со оној Хрватон Марио. Значи фала богу се најде некој нормален. Каде ќе одиме?“

„Па во Скопје, бе Мими. Ти за каде мислише?“

„Оф ма, јас мислев за во кафана ме викаш. Ама ајде, чим си решила ќе си одиме.“

Ги оставивме двеве и тргнавме кон Скопје, небаре се стига за саат време. Ама барем нема да ме нема цел ден. Нели?

Мими дојде кај нас на кафе. Кај и го уништив патувањето, па уште и кафе да не и направам, стварно е срамота. Отидов на рецепција да видам што се дешава. Зад пултот видов познато лице.

„Бале, ти ли си?“

„Јас сум Вилма, те чекам тука со саати“

„Па што си ваков, како вода да те исфрлила? Што е толку важно што ме истрга од Охрид дури?“

„Вилма, жена ми ме исфрли од дома… Па, сакав да те замолам дали може да престојувам некој период овде кај тебе, мислам во хотелов.“

„Бале бе, покрај фацката, да не ти излетал и паметот? Како да престојуваш? Без пари?“

„Па да бе Вилма, дур да се снајдам. Еј, чим земам пари… одма ти ги враќам… Ајде, овој твојов не ме разбира. Сакаше полиција да ми викне.“

„Бале, па и ја би викнала ако ми се појави рандом човек на врата и бара да спие кај мене без пари.“

„Те молам, Вилма…“

„Кај ти се Добрила, Милка, Лина?“

„Ејј… Таа Добрила не ми ја спомнувај жити се, таа ми го забибери ова?“

„Навистина, како бе Балевски? Нели тебе никој не можете да те заебе?“

„Е, па можело. И тоа како можело. Ајде, сега дај ми соба, те молам.“

„1.200 денари чини една ноќ. Одговара или не?“

„Јас… мислам… нели ти кажав веќе…“

„Одговара или не?“

„Ќе ме запамтиш Вилма, оган да те изгори! И тебе и хотелов! Да гори како Нотр Дам!“

„Пријатен ден, Балевски. И не ми спомињај божји храмови… уствари што те гледам чуден, па тоа личи на тебе и на таквите ко тебе.“

Балевски си отиде. Ричард ми објасни дека ме викнал затоа што мислел дека ми е близок пријател и не сакал да ствара непријатности, за кои би се покајал подоцна. Не ми беше сеедно, после сто години отидов на викенд со другарките, но што е – тука е.

„Рич, јас сум се уште на одмор…“

„Да?“

„Идам да се бањам. Мислам да импровизирам езеро и плажа. Ќе дојдеш да ми го намечкаш грбот?“

„Секако… Да си земам и јас пешкир. Чадор имам, чувствувам дека ќе врне.“

„Носи, носи… Ќе ти треба…“

Може и убаво ми направи Балевски. Барем ќе уживам во одморот… Поштено!

Посетено 609 пати