Цитати за анксиозноста, стравовите и паничните напади!

„Анксиозноста е сон од кој најрадо би се разбудиле, но не можете. Некако како анти „земјата на чудата“. Будни сте, се штипете, но кошмарот никогаш не престанува.“

„Не можете да го контролирате светот, односно немате моќ врз нештата кои може да се случат, но можете себеси. А оттаму започнува се’.“

„Анксиозноста не’ тера да се чувствуваме живи, затоа што постојаниот немир упорно не’ враќа во реалноста.“

„Анксиозноста не’ да сме подобри, почувствителни, похрабри, посилни. Иако речиси и да не сме ни свесни за тоа.“

„Анксиозноста тлее во секој од нас, само прашање е на време кога ќе се пробуди од зимскиот сон.“

„Паниката е гадно нешто, се согласувам, а мене мајка ми ме учеше од мала никогаш да не се плашам од гадинките затоа што сум поголема и посилна од нив.“

„Човек се раѓа со два страва: стравот од паѓање и од врева. Тогаш зошто да си наметнуваме постојано нови непостоечки стравови?“

„Ти го владееш своето тело, душа и дух. Зарем би дозволил некој невидлив непријател да ја преземе палката врз сето тоа?“

„Твојата душа е храм, а во храмот не смееш да примаш секого. Така што, негативните луѓе кои ѝ се поддршка на анксиозноста, а ги потгреваат твоите панични напади и стравови, гледај да ги оставиш пред портите на твоето срце.“

„Љубовта е најголемиот непријател на анксиозноста, паничните напади и стравови. Но, само кога е насочена кон вистинската личност, затоа паметно бирај.“

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 2.508 пати