Биди љубов, што и да прават, ти биди љубов … Биди над се ‘

На сон дојде… Дојде…За да ја стоплиш душата… Не знам кој те испрати и дали преку твојот лик и душата твоја Бог ја испрати љубовта.. Јас толку насмевка не видов, ниту толку љубов земска…

И сега се чудам.. Дали е сон или јаве, во што да верувам..

Ми рече:.. Биди љубов, што и да прават, ти биди љубов … Биди над се’…Се’ она што не’ трга и влече надолу кон бездна..

Дали преку твојот лик, Бог ја носи пораката.. Кој си ти?.. Што си ти?.. Името ти е универзално.. Се чудам и се’ уште не можам да поверувам дека сепак постоиш.. Во човечки облик.. Толку милосрдие, толку љубов.. Не!.. Ги тријам очите, уште нерасонета, а срцево песна ми пее, погледот цакли и се смеам.. Во каков и да си облик, што и да си, кој и да си.. Ми ја стопли душата..

Нека Бог ги види овие мои зборови и нека те награди… Со бескрајна љубов, радост и среќа.. Заслужува љубовта твоја.. Навистина.. Срцето никогаш не лаже.. Само храбро, напред…

Оливера Ширговска

Посетено 2.375 пати