Во текот на следните недели, Samsung ќе почне да го испорачува ажурирањето за Galaxy S10 и Note10 телефони, кои во овие уреди ќе ги имплементираат одредените функции од Galaxy S20 линијата.

Една од овие функции е Single Take, која користи deep learning за да забележи неколку верзии истиот момент со помош на различните камери. AI функцијата овозможува креирање на што е можно повеќе фотографии и видеа во 10 секунди, за на корисникот да му се овозможи поголем избор. Функцијата може и да избере „најдобра“ снимка, засновано на композицијата и другите елементи.

Подобрениот Night Mode пристигнува на S10, додека Night Hyperlapse за ноќно видео пристигнува и на S10 и на Note10 уредите. Дел од софтверското ажурирање ќе биде и можноста на S20 линијата да креира прилагодени филтри, а тука е и Pro Video функцијата која овозможува подесување за ISO, брзината на затворачот и експозицијата.

Clean View и Quick Crop, исто така, пристигнуваат на постарите телефони, како и Quick Share, кој на корисниците им овозможува да делат фотографии, видео и други фајлови со луѓето во околината. На крајот, ажурирањето ја вклучува и Music Share функцијата, која овозможува пријателот да се конектира на истиот звучник на кој корисникот е поврзан преку Bluetooth.

Извор: USB