Без наслов, но со повод

Го исмејуваа човеков на Фејсбук. Сеир си гледаа. Се газеа од смеење до солзи. Јас само што ја погледнав сликата, замрев. Тага. Колку многу моќна порака испраќа.

Треба да си малку, само малку човек одвнатре, за да ја прочиташ. Свест. За државата во која што живееш. И очи. Да го видиш такси возилото. Чевлите. Облеката. Гепекот. Тенџерето. Столчето на сред улица. „Софрата“. Само тоа ти треба и ќе видиш, како пред очи ќе ти излезат софрите на нашите политичари со лососите, срните и коњските стекови, ќе почувствуваш колку многу баздат, па ќе ти се слоши. И нешто ситно од господ под черепот ќе ти треба на крајот, за да ја видиш цела Македонија на една единствена слика… разголена, во сета нејзина бедотија

Му го сокрив лицето на човекот и бројот на возилото… во лице му се смееја. Сиромаштијата, простете, ама не можев… Само човек може да ѝ погледне во очи.

Посетено 3.525 пати