Арогантните ги чувам далеку, а фините уште подалеку! Држи ги и ти, ако не сакаш да си фино зафркнат!

Живееме во некое чудно време невреме кога човек веќе не знае кому да верува, а кому не. Кому може да се пожали, а кому не. Кому може да се потпре, а кому не. Од кого може рака да очекува, а од кого не… И само едно сфатив низ годиниве, а тоа е ОД ФИНИОТ ШТО Е МОЖНО ПОДАЛЕКУ ДА БЕГАШ!

Не дека финиот е манипулатор, или мастер во својата „финоќа“, со добро зацврстена маска на лицето, нее… далеку од тоа. Токму спротивното. Толку е фин што фино ќе те заебе, а тој нема ни да е свесен за тоа. Бидејќи тој толку е фин што секому ќе му угоди. Mission impossible.

Додека пак, арогантните се посебна сорта на луѓе. Од нив нема да очекуваш топла прегратка и ладен нож. Кај нив нема маски. Се’ е така арогантно, грубо, сурово, недостижно… сосема спротивно од онаа фина широка насмевка. И знаеш на што си со нив. На едно здраво-здраво, на одење чао-чао. На едно како си-добро… и поодбро од тоа здравје!

Ама со финиве, ууф заебано до даска!

Туку… од нив и навистина финиот паѓа во сенка. Ако кажеш комплимент, веднаш ласкаш. Ако пофалиш, очекуваш нешто за возврат. Ако учиниш некоја доброта, очекуваш награда…. оф. Навистина ли мислите дека секому му е дојдено до титули, награди, пофалби, етикети?

Не.

Дојде време кога секому доброто му се зема за зло поради „фините“. Не постои повеќе граница измеѓу арогантноста и финоќата. Не постои златна средина… за жал.

Посетено 770 пати