Се би дала сега да беше тука, бабо…

Се би дала сега да беше тука.. Растев во твоја прегратка, ме носеше во душата, ми плетеше најубави приказни бабо.. Со урката, навечер, кога ќе раскажуваш… Ми фали мирисот на твојата прегратка.. Не се споредува со ништо на овој свет.. И таа среќа бабичке моја… Таа среќа ја нема веќе бабо…

Живееме во лудо време и знам дека никогаш нема да се врати тој мирис… Мирисот на среќа во малото одајче со двата дрвени кревети, малото масиче, и прозорецот.. На кој му раскажував… Со погледот вперен во далечините… И му пеев на ежето во бронзеното коритце, а тоа играше… Боже!.. Која среќа беше тоа…

Си играв со јарињата и ќе седнев на разбојот.. Ќе ги измешав боите на веленцето, а ти не ми се лутеше бабо… Ми фали бабо!… Ужасно ми фали се што мирисаше на среќа… ми фалиш ти бабичке… И дедо!.. Моите најдобри учители… Мојот детски живот…

Оливера  Ширговска

Посетено 759 пати