И јас сум Сибир! И јас сум мајка Русија!

Уште една ужасна трагедија го потресе светот… Овој пат во мајка Русија, во ладниот Сибир како што многумина милуваат да го наречат. Имено на 30.07.2019, само пред неколку дена, се случил огромен огромен пожар. За којшто ние вчера дознавме, барем јас, случајно или не, не знам… Не сакам ниту да обвинувам…

Не ми падна на памет да пишувам за темава, бидејќи е ужасно болна, но срцето ми се распара кога ги прочитав бројките од 1.000.000, милион мртви животинки, колку само шума отиде во неповрат… А, штетата се’ уште се брои…

Многумина, меѓу кои и јас, веруваме дека пожарот е подметнат. Зошто? Како е можно да е толку злобен човечкиот мозок? Која е сатисфакцијата да причиниш толкаво зло врз најневините?

Зошто да ја уништуваш фауната и флората? Зошто толку гнев врз животнскиот и растителниот свет!?

Патем, имаше бројни натписи и за Нотр Дам… Дечки, секоја катастрофа е катастрофа на свој начин… Франција изгуби национално богатство градено со векови, а Русија губи милионски животински и растителен свет. Онаму градби и статуи, ваму животни…

Болна е секоја загуба, и секоја трагедија е ужасна на свој начин.

Се молам за Сибир, се молам за Русија, но најмногу се молам за светот. Премногу злоба, премногу психопати, а светот станува се’ потесен и потесен, се’ помал и помал.

Животот ни го згорчуваат волци во овчешки кожи, светот го урнисуваат оние кои треба да се под психијариска контрола… Невините страдаат, животот залудно го губат, а нештата наместо да се поправаат, напротив само се влошуваат.

Се молам за тебе плането Земја, се прашувам уште колку ќе не трпиш… Не сме ни свесни, дека си една, дека немаме резервна…

Сликите ги позајмувам од профилот на Max Beard

Посетено 11.820 пати