Знаете ли што е Париски синдром?
Сакате да патувате и воопшто не се плашите од летање, мачнини, стомачни тегоби или вируси. Сепак, бидете подготвени дека при средба со нова средина, може да се разболите од…разочарување
На прагот на патувањата и летните одмори, добро е да се информирате дека токму патувањата можат да го нарушат вашето ментално здравје. Сте слушнале ли за состојбата која ги зафаќа туристите, наречена Париски синдром?
„Оваа состојба се смета како тешка форма на културен шок“
Париски синдром е болеста на разочараните туристи. Ова нарушување се манифестира како зголемен гнев заради големите очекувања и суровата реалност. Многу туристи се разочаруваат кога пристигнуваат на долгоочекуваната дестинација која изгледа сосем поинаку во реалноста. Оваа состојба се смета како тешка форма на културен шок.