Ден на планетата Земја

Овој ден за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свеста на луѓето за зачувување на животната средина.

den-na-planetata-zemja_imageДенес, лидерите од 160 земји официјално ќе го потпишат „Парискиот договор за климатски промени“ во Обединетите нации во Њујорк, САД, кој што треба да обезбеди поздрава и посигурна иднина. Овој договор, на денешното одбележување му дава еден посебен и многу важен историски тон.

Овогодишешната иницијатива на Ден на планетата Земја е одбележување на денот со садење или прегрнување на дрвја, со цел да се искаже љубовта и благодарноста кон природата. Одбраната тема на садење дрвја има повеќе аспекти: со тоа што апсорбираат CO2 тие помагаат во борбата со климатските промени, овозможуваат да се дише чист воздух и помагаат во развојот и одржувањето на заедниците. … [Целиот текст можете да го прочитате овде]

Посетено 270 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.