Скршеното срце навистина боли (ВИДЕО)
„Скршеното“ срце не влијае само врз расположението туку остава траги врз здравјето,
а ние ќе наброиме неколку научно потврдени последици од „скршено“ срце
[fblike]
[dropcap]Т[/dropcap]аканаречениот синдром на скршеното срце предизвикува чувство на крај на светот, а раскинувањата се навистина штетни за здравјето. Ова непријатно чувство, кое за среќа е привремено, не треба целосно да се препишува на психичката состојба.
Оној што бил повреден ја знае агонијата на концентрирана болка во градите, која предизвикува симптоми слични на срцев удар. Овие не се само субјективни чувства, туку научно потврдени состојби.
Докажано е дека вашиот мозок мисли дека сте физички повредени. Психолозите тврдат дека делот во мозокот задолжен за физичка болка, се активира на ист начин кога станува збор за „социјално“ одбивање.
Нагли промени во телесната тежина. Ова зависи од тоа како се справувате со тагата. Некои јадат да ја пополнат емотивната празнина, додека други се премногу вознемирени за да јадат.
Раскинувањето како лечење од зависност. Во период на луда вљубеност, се лачат допамин и окситоцин, кои даваат чувство на среќа и задоволство, слично како кога организмот е под дејство на дрога, додека во периодот по раскинување, се лачи кортизол, хормон на стресот кој негативно влијае врз повеќе здравствени аспекти, односно доведува до вознемиреност, мачнини и главоболки.
Во прилог, погледнете го ова ВИДЕО:
Посетено 1.046 пати