Зошто искрениот маж секогаш ви ја дава причината за крај
Постојат многу добри начини да се стави крај на врската, исто како што постојат и многу ужасни начини. Сум пробал и така и така Не сум бил секогаш горд на тоа како сум се справил со ситуацијата, но научив како би требало да се справам со таквите несреќни и непријатни ситуации.
Потребно е време за мажот да стане вистински маж- понекогаш ниту целиот животен век не е доволен. Се зависи од тоа колку брзо ги учиш лекциите што животот ти ги задава.
И на крај, да бидете вистински маж значи да сфатите како да комуницирате со остатокот од светот.
А што е најважно, треба да разберете како еден маж треба да се однесува кон жената. И тоа не само кон онаа жена со која ќе го потроши животот.
Дури и кога еден маж ќе стави крај на врската со некоја жена, тој продолжува да ја третира на начинот на кој таа заслужува. Најважно е што вистинскиот маж секогаш наведува причина поради која ја завршува врската
И покрај тоа што не успеавте заедно, тој сеуште ве почитува
Тој нема само да ве искористи, а потоа да ве заборави. И тој навистина посакувал работите да вродат со плод, но понекогаш сретнуваме големи луѓе со кои не си одговараме онака како што ние мислиме. За жал. Кога се работи за љубов, не можете ништо со сила…
Можете да се обидувате да ги поправите работите, па дури и да ги насочите мислите во правилната насока, а сепак единствено што можете да направите е да бидете во заблуда.
Врската не успеала и за двајцата, но тој сеуште ве почитува како и секое друго човечко суштество. Некои мажи, поради погрешни причини, сметаат дека имаат право да ги третираат жените како ѓубре откако ќе стават крај.
Кога вистинскиот маж им става крај на работите, тој ги кажува причините бидејќи знае дека вие сте човечко суштество со чувства.
Свесен е дека може да ве повреди и прави се за да ја намали штетата. Тој не ве остава сами и повредени да се прашувате ‘зошто не сум доволно добра’.
Бидејќи не е кукавица
Токму тоа е зборот, кукавица. Повеќето мажи раскинуваат со нивните партнерки пред да им дадат причина зошто би сакале да стават крај на работите, а не знаат дека всушност дејствуваат несоодветно. Скоро сите сфаќаат дека се глупаци, но немаат храброст да објаснат што не е во ред.
Иако ова не е во целост прифатливо, сепак е разбирливо. Ставањето крај на некои работи никогаш не е лесно, ниту пак пријатно. Ниту една жена никогаш не одговорила со ‘Ух…се надевав дека ќе ставиме крај на тоа’. Па дури и ако тоа е она што таа навистина го мисли.
Сите мажи имаат стравови. Но, вистинските мажи ги прифаќаат, а потоа се соочуваат со нив. Вистинскиот маж не дозволува неговиот страв да го живее животот место него. Тој прави се што треба да се направи без оглед колку тоа ќе му биде неудобно и непријатно.
Тие го прават она вистинското, а на партнерките им посочуваат зошто мислат дека е најдобро да продолжат по одвоени патишта.
Бидејќи сфаќа дека ви треба крај
Тој не би очекувал ништо помалку, кога станува збор за тебе. Потсетете се на познатата изрека со која сите израснавме –‘ однесувајте се со другите онака како што сакате тие да се однесуваат со вас’. Па, вистинските мажи не го заборавиле ниту ова.
Тие искрено веруваат дека светот би бил подобро место ако сите се однесуваат на начинот на којшто тие посакуваат останатите да се однесуваат кон нив.
Навистина е тешко да се справите со врските и раскинувањата бидејќи најчесто се воздржувате од некои податоци и не давате ни оправдување дека кршењето на нечие срце е навистина сурово.
Замислете се вие на тоа место. Можеби вие нема да го чувствувате тоа за неа, но не значи дека и таа нема да го чувствува за вас. Во таа смисла, љубовта знае да биде малку испревртена- Вие можеби само сакате да се ослободите, додека таа се прашува каде погрешила… како подобро да ви покаже дека и значите и што сеуште може да направи за да ве убеди да останете.
Тешко е да се разбере оваа реалност, ако не сте ја искусиле на ваша кожа. Најголем број од вистинските мажи некогаш имале скршени срца и сега не сакаат само да досипат сол на раната која тие ја направиле.
Бидејќи верува дека треба да се биде пристојно човечко суштество
Вистинските мажи се трудат да бидат добри луѓе. Тие се стремат кон најдоброто во се што прават, вбројувајќи го и начинот на кој живеат. Ги негуваат меѓучовечните односи, бидејќи се доволно мудри да разберат дека сите си требаме едни на други.
На сите луѓе во светот им е потребно сожалување. Без тоа, животот станува грд, шупло постоење. Станува празен, без значење, цел.
Луѓето секогаш го користат изговорот дека на крајот ние сме ‘само животни’. Посакувам да бевме’ само животни’. Но оние кои се ‘само животни’ не убиваат само поради забава.
Тие не ги повредуваат другите живи суштества само затоа што наоѓаат задоволство во предизвикувањето на штета. Ние не сме ‘само животни’. Ние, истовремено сме и многу подобри и многу полоши и тоа на многу начини.
Не ви е потребна религијата за да ви каже да бидете пристојно човечко суштество. Не ви е потребен некој подобар од вас да ви каже дека не треба да ги употребувате луѓето како средства за вашата крајна цел.
Се започнува од малите нешта, како на пример кога ќе и кажете на жената со која со месеци или години го делите креветот дека не сакате повеќе да го делите животот со неа.
Вие во целост ја менувате нејзината иднина, а таа тука не може ништо, нејзиниот живот е во ваши раце.
Најмалку што можете да направите е да бидете пристојно човечко суштество и да разговарате со неа, кажете и зошто мислите дека вашата одлука е најдобра и за двајцата. И тоа ќе ја боли, но барем нема да боли толку долго.