Зошто е потребно да бидете себични сега за да можете да бидете несебични во трката наречена живот

decko na prozor_majkatiitatkoti
Сите ние знаеме да бидеме и себични и несебични. Никој не е потполно себична личност исто како што никој не е потполно несебична личност. Сите ние се наоѓаме некаде помеѓу, некаде на средина. Можеби сме себични во одредени моменти, но затоа пак сме потполно несебични во други.
Кога станува збор за секојдневниот живот, потполната несебичност е само неостварена желба. Луѓето ќе ве искористуваат се додека од вас не остане ништо што би им користело.
Се разбира, навистина е важно да бидеме во контакт со оопшетството, да ги споделуваме своите примери така што некој ќе може да научи нешто од нив, но за да преживееме немаме друг избор освен да бидеме себични.
Од друга страна пак, кога зборуваме за нашиот личен живот, несебичноста е од клучно значење. Сосема е неважно дали таа доаѓа од пријателите, од семејството или од родителите, скоро сите луѓе во нашите животи очекуваат да се грижиме за нив поради тоа што тие се грижат за нас.
За жал, неверојатно е тешко да се регулираат себичните навики. Повеќето од нас не можат да сфатат колку се тие во суштина себични се додека да дојде до штета.
Овие себични размислувања ќе ви помогнат да ја разберете важноста на несебичноста
Секогаш се уварувате дека сте на вистинскиот пат
Точно знаете што сакате и повеќе ви се допаѓа кога го имате она чувство на сигурност, кога знаете дека ќе бидете задоволни и среќни, отколку да ризикувате за можноста да бидете разочарани.
Кога станува збор за луѓето кои ги сакаме, секогаш се соочуваме со голем број на разочарувања.
Понекогаш луѓето знаат да не изненадат, но понекогаш ќе паднат значително пониско од нашите очекувања. Луѓето не ги задоволуваат секогаш стандардите кои ние им ги поставуваме.
Несебичноста значи да ризикуваме да наидеме на разочарување, на неудобност и да ја ризикуваме сопствената среќа.
Да бидете несебични значи да работите за нечија друга среќа. Тешко е да пронајдете причина да бидете несебични… се додека не се најдете во безизлезна ситуација.

Потребен ви е преголем ‘личен простор’
Сите ние сакаме да имаме само свои тајни. Токму затоа ни е потребен тој личен простој, каде никој не може ниту да ги види ниту да ги слушне нашите тајни.
Додека сме сеуште помлади, можеби и премногу ентузијастички го посакуваме овој личен простор. Тогаш имаме најголема потреба да бидеме независни, па затоа често нашите најблиски ги оттурнуваме од нас.
Во одредени моменти во животот сите ние сме ги оттурнале нашите родители, нашите браќа и сестри, нашите пријатели и нашите партнери/ки само затоа што сме почувствувале потреба да бидеме сами.
Важно е да го добиеме просторот кој ни е потребен, а истовремено е важно да не заборавиме да направиме место за личностите кои ги сакаме.
Најчесто кога ќе е веќе предоцна ќе посакаме тие сеуште да се дел од нашиот живот, а не само далечно сеќавање.

Секогаш се штитите самите и не дозволувате никој друг да ви пријде
Постои физички и постои психички простор, а ние не сакаме веднаш и секому да ги отвориме портите за влез во овој вториот.
Со текот на времето, луѓето градат  бариери за да го заштитат своето его од надворешниот свет.
Ги набљудуваме луѓето и брзо донесуваме одлуки за нивниот карактер. Емоциите ги оставаме на страна за да избегнеме било каков вид на зависност.
Се обидуваме да не се зближуваме премногу со луѓето, бидејќи доколку тие ни се отворат, ќе очекуваат и ние да го направиме истото.
Понекогаш, знаеме и да им се налутиме на луѓето поради тоа што со нас ги споделуваат нивните лични животи, а притоа очекуваат и ние да го направиме истото. Понекогаш, едноставно сакаме да сме сами.
Или пак, само мислиме дека тоа е она што го сакаме. Осаменоста е одлична… но само додека сами одбираме да бидеме сами. Но, кога ќе немате никој во вашиот живот кој ќе може да ги сослуша вашите проблеми, тогаш животот ќе ви биде неверојатно тежок.
Ако психички се оддалечиме од нашите најблиски, неизбежно ќе дојдеме до моменти кога тие ќе ни бидат најпотребни, а ние ќе бидеме сами.
Токму тогаш кога навистина ќе ви биде потребна помош ќе немате кому да се обратите или ќе треба да се обратите на оние на кои не сакавте да се отворите, дури тогаш ќе почнете да сфаќате колку многу луѓето си се потребни еден на друг.
Не станува збор само за физичка, туку и за емоционална поддршка.
Посетено 1.612 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!