ЖОЛТАТА ЛИНИЈА

Влегов во ВЦ и почнав да повраќам
После 8 минути конечно црева истурив
и наеднаш до мене се појави
некое створење со бела брада,
ги подигна цревата од прљавите плочки
и ги стави во џеб
„ееејјј, остави ги, мои се“ – му спискав
„јас сум Богот на Внатрешните Органи,
сега се мои… него фала ти за цревата,
ако пак повраќаш јави ми се “ – и ми даде визит карта
„а не Боже, нема шанса друг пат овака да се заебам“
„како се заеба?“
„измешав ракија со боја за асфалт“
„си мезел ракија со таква боја?“
“не баш“
„е ај кажи де“
„пред 2 дена ми се расипа колата на сред пат
и стопирав ама џабе, никој не застанува, безобразни.
Имав едно чоколатце го изедов ама вториот ден
више цревата ми се залепија од глад
Не знам од кај ми текна ама гребнав од таа жолтата
боја што ги обележуваат патиштава, ја пробав
и вкусна ми се виде.
И така гребев,-јадев, гребев-јадев и идев полека напред
и еве денес стигнав до кафанава
и си викам ај да се почастам некоја ракија
и толку, испив 5-6 ракии и ми се слоши,
другото го знаеш
„и викаш вкусни се линиите?“
„да бе, како прљав пушен мајонез“
„сега ќе види он што не пријавува вакви работи“
„кој?…што да пријави?- радознало го прашувам
„Богот на жолтите линии“ – одговара и врти на мобилен
„Ало Жути, Црево тука… еве добар,
собирам верници
него ти што не кажеш дека жолтата боја вила вкусна?
Ех, од кај знам.. ми кажаа..него да не имаш
нешто боја на лагер, срамота да идам по улици и да
да ја лижам …аха, во колку саат?
Додека целиот испозанесен разговараше со другиот
господ успеав да му украдам цревата од џеб и
неприметно да му ја дувнам
Него да не знае некој оние од Македонија Пат
кај ја жуваат жолтата боја а и некоја информација
за алармни системи и чувари добро
би ми дошла.
Частам пола боја ако не ме фатат
Посетено 400 пати

Website https://animefreak.ws: Watch 7 Seeds 2nd Season (Dub) animefreak Episode 12 animefreak avatar

Watch anime online for free at AniWatch animes online

4Anime: Assassins Pride anime episode 12 online free at https://4anime.biz persona 4 the animation factor of hope

Douluo Dalu: Xiaowu Juebie Episode 13

Myspace: https://myspace.com/animefreakws

App roll20: https://app.roll20.net/users/9256412/animefreak