Значи сакаш син ти да игра за репрезентација?

h

Сакав син ми да го запишам фудбал
Се мислев во кој клуб, ама ај си викам
ќе го запишам право во репрезентација
Отидов во ФФМ, земав бројче за чекање,
ми закажаа после 47 дена, во 9 и 15,
и ми нагласија да донесам хипотека и крвна слика од малиот
„зошто крвна слика ?“
„па да провериме дали има античка крв,
ако е мешано детето ништо,
пробај во репрезантицијата за уметничко лизгање“
И така според договорот се појавувам кај одговорниот
„значи сакаш син ти да игра за репрезентација? “ -прашува
„па да ако може, еве донесов хипотека а и според
анализа на крвта се гледа дека е потомок
на Моронкле, брат му на Перикле
Го знаете оној со копјето, се појави и во филмот
десно од Колин Фарел
кога коњот му се сопна кога го бркаа оние клошарине Персијци“
„Добро, има фино потекло, а знае ли да ја пее Гоцевата Раса“
„Да господине, и на оргуљи супер ја свири“
„Колку леви нозе има? – продолжува со прашања
„Па 2 ама има уште 2 за секој случај, во
замрзивач ги чуваме.“
„За кого гласа?“
„За Вмро-Сдсмне“
„Верник?“
„Ау да, секоја недела пали по една црква… пардон
пали по една свеќа а и во џамија иде секој петок
пред искачање“
„Иде по кладилници ?“
„А не никако, не му дозволувам,
јас уплаќам место него“
„Лежел затвор ?“
„Не, уште не бил, ама има време, мал е, едвај има 2 години “
„Да не е геј?“
„Па што знам, стално му вика на судијата
„судија педер, да те ебам у гз“ … “јас го научив“
– гордо му викам
„ех, малку незгодно,
да го ставиме да игра за женска репрезантација?“
„еј немојте Ве молам, ај нека игра лево крило
ионака никој нема да го примети“
„Еве одма ќе уплатам 1000 евра на
жими-мајка каса-прими,
не ми треба фискална“
Му ги давам парите, господинот-службеник
си ги става во џеб, станува и ми пружа рака
„се гледа дека малиот има талент ,
од наредните квалификации ќе биде незаменлив во репрезентација“
„уште нешто, има копачки малиот ?“ – прашува
„не, само кафеави апостолки“
“добро, не му купувај од продавница,
жена ми што знае да прави, прва лига,
башка еколошки, од рециклирани надворешни гуми
и тоа како за тебе со попуст, 712 евра“
Си ги платив и тие 712 евра и
сега седам по дома, главата ми фрчи
зошто имам мал проблем….
Малку излажав… син ми е бебе, има 3 месеци
со што да го хранам па за 4 месеци да има 2 години ?
А и нема 2 леви нозе, ама ај,за тоа ќе се снајдам

Посетено 612 пати