Животот ќе ти биде подобар ако престанеш со рамнодушноста и започнеш да чувствуваш

Живеејќи во овој цензиуриран, комплексен и лажно совршен живот, сите ги занемаруваме чусвтвата кои навистина треба да ги чувствуваме и се преправаме дека истите не постојат.

zivotot-ke-ti-bide-podobar-ako-prestanes-so-ramnodusnosta-i-zapocnes-da-cuvstvuvas-1

Навистина понекогаш бегањето од депресијата се крие во криење на чувствата, но не секогаш истите успеваат да останат долго скриени под површината на душата.

Во тие моменти некои луѓе започнуваат да запаѓаат се подлабоко во депресија, наместо да излезат од неа, посегнуваат по апчиња за смирување на нервите, апчиња за заспивање кои ќе ги натераат да сонуваат за да им биде полесно, па дури и посегнуваат по својот живот, што е голема грешка.

И сетот тоа само поради таа пуста рамнодушност која легнала на душата без да и дозволиме, отфрлајќи ги чувствата на земја, онаму во долниот дел од стомакот кои ни предизвикуваат гадење секогаш кога ќе се потсетиме на нив.

За да не поминувате низ истото или да го прекинете ова доколку ви се случува и на вас, престанете да бидете рамнодушни и престанете да ги криете чувствата,искажувајте ги!

Само така животот ќе ви стане подобар на неколку начини, како на пример овие.

Нема да сте зависни од пороци

Секое прикривање на чувствата излегува на површина преку влегување на некој од пороците во нашето тело. Независно дали се работи за дрога, алкохол, никотин…

Доколку се солободите од чувствата во себе, голема е веројатноста да се ослободите од некои од овие пороци од кои сте зависни, секако доколку истите не ги консумирате од ќеиф.

Ќе ги убиете или смирите вашите внатрешни демони

Секој има внатрешни демони кои се обидува да ги скрие, но често излегуваат сами на површина како последица од претерано криење на чувствата.

На пример кога некој крие гнев во себеси, истиот го труе него, а и луѓето околу него на кои тој индиректно им го сервира на тацна со сарказам.

Доколку покажете фрустрација или болка, наместо прикриен гнев во сарказам, верувајте вашите внатрешни демони ќе останат смирени или во најдобар случај ќе бидат убиени од оние добри демони кои ќе го завземат нивното место.

Животните врски ќе преминат од лажни и нездрави, во здрави и ВИСТИНСКИ

Сакате некого, но не му кажувате, сакате да видите некого, но чекате тој да ве побара прв, сакате да бидете со некого,но повторно чекате тој да пријде прв, сакате да направите услуга, но се плашите од искористување.

Ова се само неколку од работите кои сакате да ги направите, но не ги правите прикривајќи го тоа што навистина го чувствувате во игнорантност, презафатеност, недостапност и слика на силен човек кој не може да биде искористен.

Сакајте отворено, давајте време и внимание безрезервно и помогнувајте без да очекувате лошо или добро за возврат, само така ќе имате здрави и вистински врски со секој во животот, наместо лажни и нездрави.

Ќе ја претворате секоја емоција во креативно, ремек дело!

Кога криете чувства, ја криете и вашата креативна страна бидејќи сте преокупирани со борбата помеѓу вашето срце и вашата психа и тоа не ви дава простор за правење на ништо друго.

Но, доколку одлучите од денес да ја искажувате секоја емоција на површина на правилно место, во правилно време и на вистинската личност, очекувајте истата да биде претворена во креативно, ремек дело,како и сите наредни емоции кои следат после неа.

Затоа убијте ја рамнодушноста во вас бидејќи е лажна и може да ве убие живеејќи со неа, а оставете простор за емоциите кои се вистински и ќе ве направат вистинска личност во вистинска смисла!

Посетено 4.872 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!