Замислете како е да облечеш патики, дуксер и да трчаш низ маало пола саат пред работа
Сега знам како е да станеш во 6 сабајле. Одамна не сум станала волку рано. Па уште и замислете како е да облечеш патики, дуксер и да трчаш низ маало пола саат пред работа, па доаѓаш дома да се истушираш и натенане си се спремаш, си праиш тост, си пиеш џус. Е, викаат Американците така правеле. А ја еве, од 6.15 сум станата, сега е скоро 8 и уште очи не можам да отворам. Единственото нешто што го направив на трчање од сабајле беше оној трк до кујна да си сварам кафе. Па и тоа е вежба, па шо? Не дека не можам, ама да искочам да трчам стварно, ќе ме напраат ненормална у маало, ќе речат се мрднала од памет оваа, за у Бардовци е. Ја затоа вака, ради комшиите да не речат ова она, уште си лежам во кревет и долго, интензивно и церемонијално си се будам… Иначе сега на кеј ќе бев и склекови ќе правев… и што е најважно, ќе живеев три сабајлиња поише од просечен Американец
Посетено 796 пати