Замини повторно, тоа го правиш најдобро
[fblike]
Никогаш се немаме поздравено при разделба.
Ниту чао, камоли пак збогум, секогаш сме се губеле без збор.
Кога би ги броела сите наши разделби верувај две раце се малку, но после ова што го забележав денес, и десет раце би биле малку, бидејќи никогаш нема да заврши.
Едноставно нема понатаму без нас двајца, можеби ќе љубиш туѓи усни, можеби ќе спиеш во нечија постела, но повторно на крај заедно ќе спиеме под исти чаршави, на различни перници, јас на твоите гради, ти на твојата мирна совест.
Не може поинаку, би било поинаку кога би се разделиле на лош начин со зборот збогум, но тој не постои во нашиот речник, не постои во нашите срца, во нив постоиме само јас и ти, се останато е пролазно.
Затоа…
Замини повторно, тоа го правиш најдобро!
А јас, јас ќе бидам силна како секогаш.
Посетено 8.915 пати