ЗАЕБИ САМОУБИСТВО, МЕНУВАМ ТАКТИКА
Прв пат кога се самоубив
душата ми летна некаде.
Ја гледав едно време,
помина помеѓу 2 непознати планети,
и ја снема.
Можда оние од МАНУ знаат
ама таму немам врски и роднини да прашам
Од астрономско друштво ми рекоа дека
во тој правец е пеколот.
Им верувам.
Како и да е ок ми беше, баш супер, уопште не болеше
Вториот пат некакви пеперутки
ми го напуштија телото.
Интересно, ама ми беше некако болно и тажно.
После тоа како што се самоубивав
од телото искачаа милион работи
и идеа право во пеколот.
Прво срцето, па мозокот,
па разно-разни органи,
па пегла, трегери, сликици од светско првенство,
предна кочница за точак и сл. ситници
Уопше не болеше, дури и смешно ми беше,
ама пред 3 дена кога решив да се самоубијам
едно време ништо не се случи,
се мачев, се мачев
и на крај цел тросед со саати искачаше
од моево тело и без поздрав
летна накај пеколот, ма не ме ни погледна за последен пат!!
Многу ми падна жал што отиде без да се поздрави,
а колку убави успомени имав со него, во депресија паднав.
После тој настан искрено
ми скурчи ова самоубиствувањево,нема поента.
Ќе го баталам, ќе менувам тактика
Од сега кога нема што да правам
наместо да се самоубивам
едноставно ќе фантазирам,
помалце боли а мислам дека е и поинтересно
Посетено 686 пати