За вакцините

Во многу држави услов за запишување деца во градинка или школо е да бидат вакцинирани. Не сме измислиле ние топла вода.


Арно ама, во ниедна држава во која има ваков услов децата не се вакцинираат со шкарт вакцини од сомнително потекло како што е тоа случај во Македонија… И може уште во некоја банту држава од Африка… кај што децата не ни одат во школо, па последиците се гарант и помали отколку кај нас… Така да, и по тоа сме 100% единствени во светот драги мои. После такви страшни афери за евтини и проблематични вакцини, што постигнавме? Кучињата си лаат, караванот си врви. Едно, само едно, единствено такво шишенце да залуташе во некоја од поразвиениве држави и да дознаеше јавноста за тоа, животот на само едно дете да беше загрозен, знаете што ќе се случеше, каква реакција ќе имаше? Ќе летаа сите одговорни од функциите, од врвот па до доле, освен оставки и кривично ќе одговараа, а сите шишенца ќе летнеа во канта! А нашите шишенца кај се? По неколкудневно џавкање како што си правиме откако ќе добиеме сознанија за некоја сомнителна набавка во здравството „Аууу, како не им е срам!“… продолжуваат да ни ги боцкаат децата со течноста од истите тие сомнителни шишенца за кои сме џавкале

Како со фалсификуваните лекови. Знае некој дали ги повлекоа од аптеките? Одговараше некој? Не? Епа за тоа зборам.

Посетено 815 пати