За полетувањето
Денес е ден за пролетното чистење, пред полетувањето.
Пролет: доаѓа од латинското pro – што значи `з а`,и словенското `лет` – корен за зборот летање.
Заедно значи: наменето за летање!
Денот и ноќта се еднакви, рамни крилја на пеперуткестата оска. Имено, денес е ден за пролетното чистење, пред полетувањето. Треба да застанеш спокојно, да го согледаш насобраниот товар, и бавно, да почнеш да го издишуваш. Со секоја издишка да стануваш се` полесен и попроточен. Откако ќе се испразни товарот, ги повикуваш сите шарени мисли од хоризонтот, сите закачки и смешки, љубовни погледи… па се полниш со нив додека не станеш проѕирен и малку шарен како виножито. Ако не ти е доволно, можеш да се украсиш и со некое цветче. Сега си спремен како детски змaј да се одлепиш од земјата, а ние ќе го читаме тоа што го испишува твојот лет во просторот. Убав ден на сите змајови што ја разубавуваат пролетта, а секако и на оние кои си остануваат на земјата!