За градските дрва да не важи „3-то дете“
Многу сакам густи шуми
каде што дрвата се толку блиску
па гранките им се испреплетуваат
и можеш да ги видиш
како се гушкаат, или водат љубов
се журкаат на ветер па и се тепаат понекогаш
А градскиве дрва намерно ги садат
далеку едно од друго,
нема шанси да се допрат.
Не им се дава шанса да уживаат во животот
Зошто?
На некого му сметаат среќни дрва
што се журкаат и ебат?
Изгледа за тие дрва да не важи „3-то дете“?
А би требало, најмногу би требало
Посетено 303 пати