ВОЛШЕБНОТО БОЖИЌНО ПАТУВАЊЕ НИЗ ИЗЛОГОТ НА “PRINTEMPS”
Секоја година познатите светски куќи се прикажуваат во најубавото божиќно руво, а парискиот Printemps оваа година блеска во дизајнот на Burberry.
Приказната на едно магично и волшебно патување
ВОЛШЕБНОТО БОЖИЌНО ПАТУВАЊЕ
Со двата моментално најпознати британски модели, Carom Delevingne и Kate Moss, стоковната куќе Printemps ги запали нивните божиќни сијалички потсетувајќи го секој зошто и понатаму е една од најомилените стоковни куќи во Париз. Минатата година за дизајнот беше задолжена Prada, а 2014. ќе ја испрати во друштво на Burberry под диригентската палка на Christopher Bailey.
Темата прикажана во излозите е “Волшебното божиќно патување” кое следи едно момче како благодарение на својата фантазија лета помеѓу Париз и Лондон во чест на божиќните празници. Секој изглед е декориран со својата тема и со деталите на минијатурните симболи на Лондон како што се Кралевската Гарда, Биг Бен и Лондонското Око се додека момчето низ 11 сцени не долета до Париз.
Со чадор во едната и меченце во другата рака, младото момче облечено во култниот “балонер” на Burberry и препознатливото карирано шалче ни го открива шармот на божиќниот период.
Ексклузивна колекција за Printemps
Откријте ги ексклузивните производи на Burberry
Посетено 691 пати