Вистинската разлика помеѓу мажот и жената
Во нејзиниот дневник:
,,Денес забележав дека мојот сопруг малку ми беше чуден. Имавме направено резервација за вечера во нашиот омилен ресторан и требаше да се најдеме таму во вечерните часови. Бев на шопинг со моите другарки и малку задоцнив во ресторанот на вечерата, по моја вина. Мојот сопруг беше чуден, не зборуваше толку многу како вообичаено и забележав дека има нешто што го оптеретува. Најпрвин си помислив дека поради тоа што малку задоцнив е таков, но подоцна сфатив дека проблемот е многу, многу поголем. Му предложив да одиме на помирно место каде што нема да има толку гужва за да можеме да разговараме во мир. Отидовме во еден мал кафе бар, го погледнав во очи и го прашав што не е во ред и што го мачи. Тој ладнокрвно ми кажа дека ништо не се случува и дека се е во ред. Продолжив да го прашувам дали нешто можеби јас сум сторила погрешно, но тој ме убедуваше дека воопшто не е вознемирен и дека е се во ред и апсолутно немам причина за ништо да се грижам.
На пат до дома му кажав дека го сакам. Тој ми се насмевна, но беше концентриран на возењето. Сега навистина незнам што се случува и во што е проблемот кај мојот сопруг. Зошто тој не ми кажа дека и тој ме сака? Не разбирам. Стигнавме безбедно дома, но јас бев уништена. Не можев да сфатам зошто тој држи дистанца помеѓу нас и едноставно воопшто не ме забележува дека постојам. Седеше во дневната и ја гледаше неговата омилена серија. Му реков ,,добра ноќ,, и отидов да си легнам.
После 15 минути тој дојде во собата и легна. Кратко после тоа заспа. А јас…Јас не можев да заспијам постојано мислејќи што се случува со мојот сопруг и зошто тој е чуден. Навистина чувствував дека го губам. На мојот брак сигурно му се ближи крајот. И целиот мој живот ќе пропадне…,,
Во неговиот дневник:
,,Денес не можев да го запалам мојот мотор. Нешто сериозно не беше во ред со моторот, но не можев точно да сфатам во што е проблемот. Мислам дека треба да отидам на механичар и да го однесам на сервис…,,