Ветерот и јас

5415d07b

Јас и ветерот…

Како воздух и вода.

Како сонце и дожд.

Како љубов и верба.

Како радост и смеа.

Нераскинливи, неуништливи, колку и да ја користи својата моќ да ме оддува далеку, јас сепак останувам цврсто на земја и не му дозволувам да ме однесе.

Знае дека е моќен, свесен е за својата моќ и максимално ја користи за да ме однесе.

Мириса на пролет. На расцутени пупки во пролет.

Ми ја ниша косата, ме гали нежно по образите, ми ги затвара очите. Да не можам да гледам, да не можам да го победам и да останам кај што сум.

Ветерот нема мирис, нема боја, не можам да го видам, но сепак го чувствувам со сите мои сетила. Зборува со мене, танцува со мојата душа како да сака нешто да ми каже пред да го продолжи својот пат.

Понекогаш знае и да е гласен, да пушти силен крик само колку да ми докаже дека постои, дека е вистински.

Ние не можеме еден без друг, а сепак сме во постојана борба еден со друг, тој со својата сила и моќ, а јас со својата неприкосновена решителност.

Го довикувам често во моите соништа да дојде, да ми се појави онака елегантно и надмено и да ми каже се што наумил да прави со мене.

Доаѓа, секогаш доаѓа кога чувствувам потреба од него.

Погледнувам наоколу.

Го следам секој негов танц со лисјата од дрвјата, со птиците, со предметите паднати на земја.

Ветерот е тука, околу мене..

Секој ден, секој миг.

Не го гледам, но го чувствувам.

Доаѓа кон мене и ми шепоти, ми зборува тивко, неразбирливо како да не сака да разберам што шепоти.

Водзивнувам, длабоко.

Му се заблагодарувам што е тука, посакувам нашиот танц да трае вечно. Посакувам никогаш да не заврши неговото шепотење.

Ми буди убави чувства, ми влева верба и надеж, ми дава спокој.

Не оди, остани со мене.

Биди со мене и вети ми дека заедно ќе танцуваме во бескрајните хармонии до крајот на нашето постоење.

Застана, се заврти, како за момент да се замисли каков чекор да превземе понатаму и ме погали по главата.

Ми ја допре косата нежно и тивко ми прошепоти дека никогаш нема да замине од мене, овој пат разбирливо и јасно за да го разберам што ми кажал.

Посетено 786 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!