ЖАНЕТА ГЕЛЕВСКА ВЕЉАНОСКА
Со мојов вечен статус на слободен уметник. првото утринско кафе се случува да го испијам во 4 ч. наутро, некогаш 8часот , ретко покасно, само во случај ако сум заглавена во моето студиодолги ноќни часови, па ми треба добро враќање во реалноста. Пијам со години NESCAFE, во една иста шоља за кафе, подарок од другарките Ане и Анче, донесена од Франција, рачно насликана од уметник…убавина. Го пијам кафето со часови шетајќи ја убавата шоља за кафе низ мојот дом обавувајќи ги обврските. Кога сликам наутро секогаш е поред мене. Второ кафе ретко пијам, во случај да сум седната со некого на муабетче.
Посетено 847 пати