ВЛАДИМИР ДАНАИЛОВ

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

Владимир Данаилов
Владимир Данаилов

Пиењето кафе и уживањето во него ( и утринско, и дневно и попладневно ) претставува за мене многу поважна работа отколку што изгледа на прва , прав ритуал. Фала му на Бога , јас денот задолжително го започнувам со self-made espresso. Си купувам наизменично патрони од Illy caffe и Lavazza ( Illy -Tostatura Media и Lavazza Blue – Intenso) и ги пијам преку цел ден , 3, 4, 5 понекогаш. .. И дома и во канцеларија и надвор. Дома експериментирам со засладувачи и топло препорачувам неколку капки јаворов или агава сируп како засладувач. Истотака и во град пијам често но искрено, бирам кај ќе се напијам . Скопјани се квалитени „кафепијачи“ и во градот ги има веќе сите престижни брендови ( Segafreddo, Lavazza, Julius Meinl, IllyLu caffe…) . Тажен исклучок се некои кафулиља кои брендирале сопствени вкусови кои на ништо не личат и со лоши и неподесени апарати. Итсотака почитувам и убави шољички и кога се заграени пред послужување… и то.. Инаку кафето е најупотребуваниот и најневиниот „ изговор“ за многу нешта во нашиот опскурен живот. Многу работи започнуваат со иницијално еспрессо, пријателства , врски, разидувања , business opportunities… Неговата нужност и неопходност ја сфаќаме дури откако ќе ни го забранат, недај Боже, поради здравствени причини . .. и то…

Посетено 8.989 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!