КИРИЛ СТОИМЕНОВ
Добро утро дечки, девојки, мајки и татковци, фанови на Мајка Ти и Татко Ти , а и сите останати, незнани и знани. Порано сабајлињата не можев да си ги замислам без кафе, а сега пијам поретко пошто се будам на пладне, па наместо кафе понекогаш знам да удрам директно и на пивце. Бидејќи сум прв во Утринско Кафе за 2015-та, да Ви честитам Нова Година и Божиќ на сите, нека ви се исполнат желбите, срцата па и новчаниците. Инаку, веќе еден месец со “шефчето” така си го викам Кројачот, го делиме фронтот на Мајка Ти И Татко Ти, патуваме на иста платформа, заедно создаваме идеи, се корегираме, па мислам дека ова е најдобар начин за претставување. Ќе пишувам под псевдоним ДАБлју и се надевам дека ќе ги задоволам вашите читателски апетити, ќе ве насмеам, нешто ситно ќе искритикувам, а во дадени ситуации ќе бидам и мртов озбилен со што ќе ви дадам повод за редовно да ѕиркате на овој портал вебсајт во наредните 365 дена. На здравје кафенцето, на здравје празниците, се читаме. Останете најдобра публика, каква што сте.