Уште кога ни го сменија знамето ни ветија…

Седи екипа од севселенски експерти, доктори по теорија на заговор и претскажувачи на новиот светски поредок пред маалска продавница кај мене у маало, стегаат најевтино пиво, мезе модра мортадела и паламудат на политичката состојба, кој бил крив, кој бил прав. На крај, најпијаниот поентираше:

-Ја знаев…уште кога ни го сменија знамето ни ебаа мајката.
-Ајде бе доста со тој муабет, знамето па знамето…
-Како бе доста, слушај ти ја шо ти викам: сакаа да не напраат Јапонија у мало, па направија знаме по јапански терк. А завршивме ко Бангладеш!!!

Посетено 270 пати