Трите легенди: Баксуз, Малер и Усул

Двајца типови со денови ме пратат,
кај и да отидам они по мене
и аутоматски ми се расипува вечерта.
Не знам, можда ми праќаат некоја лоша енергија
ама сеедно, некоја несреќа ми се.
Не можам ни да се начукам ко човек,
ни женска да си фатам
стварно преку к.р ми е од нив
Го начекав едниот во ВЦ, со скршена пивска
флаша му го исеков грлото,
со клучевите од кола му го извадив слепото црево
„а бе што ми направи. Ќе ме убиеш“
-со болка во гласот ми вика
„Па тоа ми е целта , МАЛЕР си ми!!!“
„не бе дечко, грешка си,
јас сум БАКСУЗ, другар ми е МАЛЕР“
„хаха е па извини што ве помешав ама
исто ми се фаќа,сега уште другар ти да го средам и на раат сум“
После некое време и МАЛЕР влегува во вц,
си го бара другар му, Баксузот
„Ене го умира, малце го заклав а и тебе исто те чека“
Ме погледна со ширум отворени очи
и пред да стигне да изреагира го набутав во ВЦ шоља
ја затворив со капак и пуштив вода.
По некое време внимателно го подигам капакот,
гледам го нема па на раат се измочав.
Ама не пуштив вода, некоја еколошка совест ме стрефи во секунда
некоја чудна грижа за водните ресурси… не знам што ми стана
ама ќе ми помине, не сум обично таков.
Како и да е искочив среќен од кафичот,
седнав на тротоарот,
извадив конзерва риба и леефтерно си ја мезев
и им гледав под сукњи на женските што влегуваа.
Пиев ко стока и малце се дрогирав,
ама не ми беше доволно
па изедов и тегла мајонез со лажица
и пак пиев и пиев и уште
малце ми фалеше да се додрогирам
ама ми откажа срцето,
нешто крц ми направи и мислам дека кажа „error 266“
Додека лежам онаков- никаков на тротоарот
и чекам Брза Помош а духот полека ми
го напушта напушта телото
ми се обраќа еден тип:
„кога ти викав да не претеруваш, ама ти фраер се правиш
ништо не ме слушаш“
„А кој си ти да ми солиш памет?“
„јас сум УСУЛ“
„аха значи ти си тој кретенот“ – одговарам и
со последните сили што ги имав
му ги извадив очите
за да не може да се брани и почнав да го давам
Дојде Брзата Помош, некако успеа да не’ раздвои
и сега додека не’ возат накај Ургентен
се прашувам,
„кој ќе преживее, јас или Усул?“

Посетено 615 пати