Така растат деца

Bonsek
Типот падна, стана, направи чекор и пак падна
И така едно 20 пати ..падни-стани
„Дечко извини ама не пиј толку ако ти шкоди“
„Не сум бе пијан ама морам што побрзо да пораснам“
„Штоо??“
„Па знаеш она кога паѓавме како деца и ни викаа
„ако, така се расте’?“
„Да ама тоа важи за деца не за магаре како тебе
а и што ќе ти да пораснеш?“
„А бе таа што ми се свиѓа е пола глава повисока од мене
и затоа не ме сака ..имаш друга идеја
како да пораснам?“
„Не биди глуп, малку скрати и’ ги нозете
и таман ќе бидете“
„Да бе добра добра идеја е, ама се гадам од крв“
„Нема гајле, за 50 евра јас ќе и’ ги скратам,
само кажи ми која е, кај да најдам?“
„Може“ – и ме однесе до една куќа во Влае
„Еве тука живее, можеш преку прозор
да и влезеш во соба додека спие и – цак нозете“
Се договоривме, земав аванс 25 евра
и наредната вечер опремен со цела технологија
за сечење нозе
влегувам во собата, светам со батерија и ја здогледувам!!!
Во маичка и памучни гаќички со розе мечиња
спие еден ангел со најнежна фаца на светSmile
Во секунда се заљубив Kiss
Му пратив порака на типот
„извини не и’ се сечат нозете, вештачки и’ се,
продолжи ти со тоа падни-стани, можда стварно ќе пораснеш“
Легнав до неа, ја гушнав и брзо сум заспал
Моментално сонувам дека веќе 2 месеци сме дечко-девојка
а типот уште прави падни-стани на нејзина улица
Не сакам да се разбудам, не сакам, убаво ми е овака
Посетено 607 пати