Таа те сака како средношколка, но јас те дипломирав

taa-te-saka-kako-srednoskolka-ama-jas-te-diplomirav-1

Те гледам со неа низ град, рака под рака, фуфицата со која ме замени, откако те откачив.
Баш си одговарате, таа баба, ти дедо, но те сака како средношколка и се гледа во очињата.
Не знај дека ти си копиле без диплома ама ако ќе дознае, еден ден, некој ден кога ќе се разбуди и ќе те снема.
Потоа пак ќе се вратиш и така натаму, иди ми доџи ми ќе и прајш се додека не те одеби како што те одебав јас.
Ја држиш за рака пред мене си мислиш курац ме боли, наредниот пат кога ќе ја фатиш сети се како ја испуштив твојата.
Ја фаќаш за газ пред мене, се прашувам, зарем замислуваш дека е мојот?
Немој те молам да ме споредуваш, нејзиниот е како кадилак, нозете една колку две твои, не дека ја навредувам, само се чудам како после мене изборот на девојки ти станал толку лош.
Кога подобро ќе размислам си одговарате, диоптер со диоптер, менопауза со импотенција, битолски фраер со битолска пуфла.
Ма јок немате ни ф од фраер, ни п од пуфла!
Не ви завидувам воопшто само сакам убаво да ве исхејтам бидејќи ми сте одвратни, ама и слатки истовремено, две свинчиња фатени за рачиња.
Кога беше со мене беше поубав, сега си запустен, али ским си такав си, како викаат.
Се прашувам дали ја довикуваш во кревет со мое име, знам дека не можеш да го извадиш од уста низ град, кога ќе поминам кршиш врат со твојата багра стари ергени.
Али ако, ти си можеби копиле, но јас сум кучка, таа можеби те сака како средношколка, но јас те дипломирав!
Го положи последниот испит за гнасно копиле, но дипломата е во мене…
Посетено 17.934 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!