Суров свет: 9 начини како вашата врска да преживее во ова современо време

surov svet_majkatiitatkoti
Светот станува се помал и помал, што значи дека конкуренцијата расте се повеќе и повеќе. Живееме во време кога можеме да добиеме се што ќе посакаме во истиот миг кога ќе го посакаме.

Она што за жал го добиваме како поука е да ги земаме работите здраво за готово.

И што е уште полошо, не учи луѓето да ги земаме здраво за готово. Ние секогаш претпоставуваме дека нема замена. Сметаме дека секогаш постои нешто подобро зад аголот- светот е порозев таму каде што не сме ние.

Вистината е- кога ќе најдете нешто добро треба да научите да го цените тоа и да се држите до него.

Врските се коимплицирани, но тие се оние кои го прават животот вреден за живеење. Не е потребно само да ја најдете вистинската личност, потребно е да разберете што таа личност ви значи на вас и што е она што треба да се случи за да се осигурате дека тоа ќе трае вечно.

Еве 9 совети како да ја одржите во живот вашата врска во денешниот современ свет:

Никогаш не правете нешто од инает

Луѓето, особено нашата генерација, се предводени од своето егото. Нештата кои ги правиме ги правиме со цел да го нахраниме и заштитиме нашето его. Најдобриот начин да се одбраниме е да нападнеме, па затоа често правиме работи само од инает.

Постојано правиме работи само за да ги нервираме или повредиме другите. На овој начин им порачуваме “Тоа го добивате кога се закачате со мене”.

За жал, инаетот речиси секогаш оди заедно со одмаздата. А откако еднаш ќе го започнете тој круг, нема крај.

Доколку вашата цел е да и наштетите на личноста која ја сакате, тогаш вие не сте подготвени за врска.


Кажете го она што го мислите или не кажувајте ништо

Потребна е разновидност во врските, односно во голем дел тие претставуваат еден вид на игра. Но и покрај тоа, потребно е да одржите рамнотежа помеѓу тајните  и директноста.

Не е потребно да откриете се за себе, но сепак треба направите вашиот партнер да се чувствува сигурен, да биде сигурен дека сеуште сте заедно.

Луѓето често кажуваат работи кои не ги мислат. Понекогаш тоа е бидејќи се премногу исплашени, понекогаш бидејќи се премногу горди. Во други случаеви пак мислиме дека е добра идеја да го тестираме нашиот партнер колку не познава и кажуваме работи кои не ги мислиме само за да ја видиме реакцијата од другата страна.

Луѓето не можат да читаат мисли. Ако сакате нешто, само кажете. Ако чувствувате нешто, само објаснете го тоа. Исто така, зборувајте и за сите работи кои ги сакате. Тоа е навистина важно.


Не земајте ги на пик меѓусебните несигурности

Сите ние имаме свои несигурности- буквално сите. Без разлика на тоа колку сме паметни, убави и неверојатни, ние секогаш успеваме да си најдеме мана.

Тоа е неизбежно- никој не е совршен. Некои несигурности се рационални. Други пак не се. Без оглед на било што, никогаш не земајте ги на пик несигурностите на вашиот партнер. Тоа го правите само од инает, и со тоа само ги зајакнувате тие несигурности.

Зошто е потребен толкав труд само за да направите вашиот најдобар другар да се почувствува посрамен, грешен, слаб?


Гледајте, но не допирајте

Не постои маж на овој свет кој не би сакал да се пикне во панталоните на прекрасна жена. И не постои жена на овој свет која не би сакала да спие со лично нејзиниот Кристијан Греј.

Секогаш ќе сакате да спиете со други личности кои ве привлекуваат, тоа е во човечката природа. Такви сме ние родени.

Можете да се борите со тоа колку и да сакате, да се преправате дека не сте заинтересирани, но на крајот ќе морате да прифатите дека ги сакате убавите луѓе и дека физички ве привлекуваат.

Не можете да се преправате дека не сте заинтересирани, бидејќи нешто одвнатре не ви дозволува. Се лажете самите себе и го знаете тоа. Наместо тоа уживајте во фактот дека сакате жени и бидете Кристијан Греј за вашата девојка.


Бидете искрени- но не постојано

Невозможно е постојано да бидете искрени спрема вашиот партнер, а не ни треба. Но кога се работи за нешто навистина важно, е тогаш треба да сте искрени.

Искрената вистина на свој начин го повредува нашето его. Кога сте во врска, поголемиот дел се сведува на лажење по потреба и поптполна искреност во остатокот од времето.

Бидете искрени кога вашиот партнер го заслужува тоа и кажете и го/ кажете му го она што таа/тој сака да го слушне. Не лажете за самите себе, лажете за личноста која ја сакате.

Можеби е тешко да се повлече граница, но ништо во животот не е потполно црно и бело. Па затоа навикнете се.


Одржувајте го вашиот сексуален живот возбудлив

Ако сексот со вашиот партнер станува досаден, тогаш вие не се трудите доволно за да ја одржите возбудата во вашиот сексуален живот.

На врските им доаѓа крај веднаш штом сексот ќе тргне на лошо- не поради тоа што сексот е оној кој ја одржува врската, туку поради тоа што ние често веруваме дека откако ќе згасне страста, згаснува и врската.

Се разбира дека ова не е вистина, но ние сме само човечки суштества и не можеме многу да го промениме начинот на кој се чувствуваме.

Направете си сами услуга и избегнувајте ги ваквите конфузии. Ако не знаете како да ги ставите работите во ред, побарајте на Google. Ќе се изненадите од тоа што се можете да најдете таму.


Бирајте ги вашите битки

Луѓето од време на време се караат- некои почесто од другите. Најжалната работа е што врските најчесто завршуваат поради некоја банална работа.

Понекогаш битката не е вредна за да си го нарушиме мирот. Најчесто она поради што се расправаме е само прашање на различно мислење и ништо друго.

Доколку вашите мислења се разликуваат, вие треба да сте среќни, а не фрустрирани. Добивате шанса на работите да погледнете од поинаква перспектива.


Бидете спонтани

Правете работи без претходно многу да размислувате. Бидете романтични без причина. Пробувајте нови работи, нешто поинакво од она на што сте навикнати.

Човечките суштества функционираат по рутина. Како и да е, кога станува збор за врска, рутината води кон здодевност, а здодевноста ја доведува во прашање самата врска.

Луѓето напредуваат преку промените- тоа е она што го одржува животот. Ништо не би постоело без промените.

Без новитетите, ќе чувствуваме како да тапкаме во место. Во овој случај, ќе имаме стагнација во врската.

Секогаш сме во потрага по нашиот следен чекор, следна авантура, следно поглавје од нашиот живот. Бидете спонтани и приказната која вие ќе ја создадете ќе биде неверојатно возбудлива.


Не откажувајте се прерано

Постојат безброј опции и можности во денешниов свет. Најчесто можеме да добиеме се што ќе посакаме уште пред да знаеме што сакаме.

Со безбројните опции, луѓето не чувствуваат потреба да направат работите да функционираат.

Ние не сакаме конфликти. Не сакаме работи кои бараат премногу напор, премногу фокусираност и преголема жртва.

Нештата со вакви барања се единствените кои имаат реална вредност во овој живот. Се што доаѓа лесно не ни носи никакво или пак  многу мало задоволство.

Потребна е посветеност за една врска да успее. Современиот свет кој го создадовме прави полесно да донесуваме лоши одлуки- како на пример да се откажеме од љубовта на нашиот живот.

Немаат сите приказни среќен крај. Секако, можно е да завршат и со среќен крај… само треба да бидете доволно паметни за да ги донесете одлуките кои ќе ве однесат таму.

Ако сакате врска која ќе трае, морате да имате желба за да успеете. Не постојат полесни патишта. Никогаш не е лесно. Но на крајот, секогаш вреди.

Посетено 9.054 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!