Стоп за македонскиот заостанат менталитет

Добро знаеме каков е Македонскиот за разлика од Европскиот менталитет, далеку од него неколку светлосни години, а можеби и векови, но зошто да биде така кога може да биде подобар?

stop-za-makedonskiot-zaostanat-mentalitet-1[
Зошто да се селјанчите и да се однесувате како неандерталци кога може со убаво, мирно, без нервози, лагано да отерате све у курац и да си имате еден здрав менталитет на високо ниво.

За да го постигнете тоа, потребни ќе ви бидат неколку правила кои мора да започнете да ги следите уште денес, во спротивно губите во играта наречена живот надвор во светот.

Бидете свои

Не ставајте маски само за да се покажете во поинакво светло кое ќе ги заслепи очите на оние околу вас.

Доколку сте посебни, луѓето ќе ве забележат и во темница, затоа секогаш бидете свои, бидејќи сите останати се зафатени, не глумете никогаш нешто што не сте, гордејте се со тоа што сте.

Дружете се со тој што ви одговара

Наместо да се дружите со популарна багра од градот кои се најчесто простаци и спонзоруши секогаш во центар на внимание, дружете се со тие што ви одговараат вас најмногу.

Без разлика дали се работи за сиромашен, неписмен или пријател од друга верска исповед, луѓето не се делат по вера, не отфрлајте ги вистинските за да бидете блиски со лажните пријатели кои за кур не ги бива.

Не озборувајте

Луѓето со висок менталитет не озборуваат други бидејќи знаат дека тоа е губење на време без добивање на ништо корисно освен репутација на простак кој озборува се живо и диво, а не се гледа сам во огледало.

Наместо да озборувате кој што носи на себе, дали има пирс или тетоважа, како е некоја курва или друг педер, што направила комшивката со дечкото или како се вратил комшијата пијан од излегување во 5 саат сабајле, озборувајте се себеси, вашите приказни се сигурно повеќе интересни од тие глупавите.

Момците се замолуваат да престанат со сексизам

Не дофрлајте комплименти и навреди од автомобилите или по улица како некој простаци, гледајте си го патот бидјеќи не значи дека ако некоја девојка оди сама по улица заслужува да биде малтеретирана од вас простаците кои не знаете друга реченица освен – “Види каков газ има, да и го закачам.”

Одебете се што ви пречи

Наместо да трпите лажни луѓе, стресни ситуации, шефот од работа, колегите кои само озборуваат, вие имате избор да ги одебете. Едноставно терајте си свој филм и гледајте си ја својата работа, со тоа ќе го намалите стрсот, ќе имате квалитетен социјален живот и ќе бидете посреќни.

Не влегувајте во конфликти

Наместо да влегувате во конфликт и да завршите со тепање, отепајте го соговорникот со зборови и заминете си, не само што ќе го исфрустрирате дополнително со тоа, туку и ќе го направите да се почувствува како глупав селјак.

Запомнете дека конфликтите само ја цицаат вашата енергија која може да ја зачувате со тоа што ќе си заминете мирно и без кур да ве боли.

Имајте сопствено размислување и сопствен став

Наместо да ви наметнуваат размислувања и ставови, имајте свое мислење и свој став кои нема да се плашете да ги искажете. Секој има право на глас, но не секој мора да го слуша туѓиот глас и да се согласува со се што ќе каже тој, нели?

Живејте како што сакате вие, а не другите

Не грижете се дека ќе ве озборуваат, ама ич! Луѓето ќе ве озборуваат и да не правите ништо, па затоа правете што сакате, живот е ваш, а нивно е да зборуваат, кога веќе не живеат.

Не фрлајте ѓубре каде што ќе стигнете

Бидете малку совесни и запомнете дека Македонија не е депонија. Сигурно кога ќе заминувате на патување или одмор во друга земја не се однесувате простачки и не фрлате каде што ќе ви текне.

Ценете ја својата татковина и не загадувајте ја, вие повторно ќе газете по тие ваши ѓубриња на улица и ќе ја пцуете држатата несвесни дека самите си нанесувате штета.

Поздравувајте луѓе кои не познавате на улица

Бидете малку порелаксирани, повеќе пријателски настроени, посакувајте секому добар ден, добро вечер, добро утро, насмевнувајте се на непознати лица и кажувајте здраво, луѓе.

Бидете добри, не шетајте намуртени со накурчен став од типот кој сум јас, никој не си, а нема ни да бидеш доколку продолжиш со својот македонски заостанат менталитет.

Излегувајте сами

Нема ништо лошо во тоа да излезете сами, на кафе, во парк, на една две пијачки на шанк. Луѓето секако дека ќе зборуваат, но во светот секој излегува повремено сам.

Не значи тоа дека тој е будала, ненормален или не е социјализиран, значи дека се сака доволно себеси за да си посвети време само на себе и на никој друг.

Доколку сакате да ја промените Македонија на подобро, започнете прво од себеси

Сите зборуваат дека сакаат подобра држава, подобри услови, подобри луѓе околу нив и бла бла бла, но никој не превзема НИШТО.

Бидете вие промената која сакате да ја видите во Македонија, наместо да се однесувате простачки и да чекате некој друг да се однесува за пример па да го следите неговото однесување.

Бидете вие тој пример кој другите ќе го следат!

 

 

Посетено 27.486 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!