Што ќе ни е срце кое се крши, кога имаме камен со кој можат да се кршат срца?

sto-ke-ni-e-srce-koe-se-krsi-koga-imame-kamen-so-koj-mozat-da-se-krsat-srca-1

Понекогаш се прашувам зошто луѓето се толку променети, во минатото се било поубаво, поискрено, поведро, пореално.
Денес се е различно, сите носат порцеланска маска под која се крие неверојатна грдосија, искреноста е маскирана во лажна, ведрината ја нема, тука е воздухот во кој прелетуваат љубомората и горчината да те затрујат во минување.
Додека пак реалноста е извештачена, сите живеат, но не знаат за што живеат точно.
Кога подобро ќе размислам живеат затоа што мораат, затоа што се родиле, не затоа што сакаат и избрале да живеат.
Никој не е роден за да биде мизерен и да преживува, секој одбира дали ќе биде мизерен и дали ќе преживува наместо да живее.
Но, како би живееле кога немате срце кое се крши?
Како ќе живеете кога не сте емотивни, кршливи, искрени, не зборувате за своите чувства, знаете да зборувате само за туѓите, како би го живееле својот живот кога константно се грижите за животите на сите околу вас?
Не ве осудувам, знаете…
Ве разбирам, си викате зошто да имам срце кое се крши, кога може да имам камен со кој ќе скршам нечие срце?
Зошто да се грижам за себе, кога е полесно за другите, зошто да ги поправам своите грешки, кога можам да коментирам за туѓите?
Но, повторно ќе речам грешите, многу грешите, ничие срце не е за кршење, ниту пак ничиј живот не е за зацрнување, ничии грешки не се за коментирање, зарем се твои?
Коментирај ги твоите да те видам!
Кој си ти да му ги срушиш соништата некому, зарем си му помогнал да ги изгради?
Дури и да му имаш помогнато, немаш право да го направиш тоа, но сепак го правиш, зошто?
Постои карма, верувај ќе те стигне, не веруваш во неа, но таа верува во тебе и те следи во секој чекор.
Зарем не ти е ладно, така без душа?
Зарем не сакаш да ја стоплиш душата со прегратка и искрен разговор, зарем не сакаш вистинска љубов, ти кој го читаш ова, зарем не сакаш да живееш за себеси, наместо да преживуваш за другите?
Не верувам дека не сакаш…
Секој сака, но никој не сака да се обиде, секој сака да биде кршлив, но се плаши да не го скршат толку лошо што никогаш нема повторно да се состави себеси.
За да уживате во кршливо срце, потребно е да сфатите дека ништо не се случува без причина, едноставно некои пукнатини во срцето се прават, за истите во иднина да бидат пополнети со љубов…
Запомнете го тоа и фрлете го каменот од градите во лицето на бездушноста, истерајте ја од себе, пред таа да ве истера вас од сопствената кожа.
Посетено 2.713 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!