Што е Маркетинг? Дечково ни објасни совршено
[fblike]
1. Здогледуваш прекрасна девојка на забава. И се приближуваш и и велиш “Јас сум многу богат. Омажи се за мене!” Тоа е директен маркетинг.
2. Се наоѓаш на забава со пријателите и забележуваш прекрасна девојка. Еден од пријателите и се приближува и и вели, притоа покажувајќи на тебе “Тој е многу богат. Омажи се за него!” –Тоа е рекламирање.
3. Здогледуваш прекрасна девојка на забава. И приоѓаш и и го барате телефонскиот број. Следниот ден и се јавуваш и велиш “Здраво! Јас сум многу богат. Омажи се за мене!”- тоа е продажба по телефон.
4. На забава сретнуваш прекрасна девојка. Стануваш, ја местиш вратоврската, одиш до неа и и сипуваш пијалак, и ја отвораш вратата (од автомобилот), ја земаш ташната (откако таа ја оставила), и нудиш превоз до дома и тогаш велиш “Впрочем, јас сум многу богат. Ќе сакаш ли да се омажиш за мене?”- Тоа се односи со јавност.
5. Се наоѓаш на забава и здогледуваш прекрасна девојка. Таа доаѓа кај тебе и ти вели “Ти си многу богат. Сакаш ли да се ожениш за мене?” – тоа е препознавање на марка.
6. Здогледуваш прекрасна девојка на забава. И приоѓаш и велиш “Јас сум многу богат. Омажи се за мене!” Таа ти залепува шамар! Тоа е повратна информација од потрошувачите.
7. Здогледуваш прекрасна девојка на забава . и приоѓаш и велиш” Јас сум многу богат. Омажи се за мене!” А таа те запознава со нејзиниот сопруг! Тоа е дефицит во понудата и побарувачката.
8. Здогледуваш прекрасна девојка на забава. И приоѓаш и пред да речеш било што, друг доаѓа и и вели” Јас сум богат. Омажи се за мене!” И таа си заминува со него. Тоа е кога конкуренцијата ти зема дел од пазарот.
9. Здогледуваш прекрасна девојка на забава. И приоѓаш и пред да речеш “Јас сум богат. Омажи се за мене!”, доаѓа твојата жена! Тоа е рестрикција за отпочнување со нова трговија.
Посетено 8.210 пати