Споменик на Трабантот

svinja_prva_majkatiitatkoti

На времето имав Трабант. Зариба моторот, ремонт му праев 2 пути… хилзни, клипои, карики, брегаста, све на друга специјала. Да беше само тоа. Гуртни више не можев да најдам, сајла за ручна заменив со една жица на која онаа мојана сушеше алишта, уместо седишта имав стаено една табуретка, за мене, и една пластична столица за на плажа, за госпожата Дотка. Јебига, ја стечаец, мојана ја избрка Стошичка од Редакција а пари-јок. Го остаив така до гаража и го запустив ко споменик на првоборец у Градски Парк.
Едно сабајле, глеам се увртела една свиња од кочината на комшијата околу предњи десни трап, десни фар и жмигавац.
-Чибу, чибу ма, чибууууууу, ќе те праам чварки… некако ја избркав.
Маму и’ ибам, почнала да ми крши десно крило и зацепала накај фар. Реакцијата кај нејзиниот газда ми дае надеж дека ќе уведе Шенген за излаз од кочината, дека ќе го зачувам Трабантот а ја и моја Дотка у Дојранон нема да му ја мислиме барем нему.
К*р мој!
Се враќаме по тридневниот летен одмор и шо да видам!? На цела десна страна и’ ебале мајката. Ми текна дека, комшијана ми е голем педер и уместо да ја укине визата на едната, им дал Шенген на сите четири + прасичи 12 ком. а тие и’ ебале мамата на пластиката од која беше изработена каросеријата на Трабантот.
Пошо Горнион ми дал претприемнички дух, одма ми светнуе у глаа и добијам идеа па предлагам на потенцијалниот инвеститор, истовремено и породични министер за финансии:
– Дотке, да зееме ние уште 4-5 Трабанти па да отвориме свињарска фарма? М?
– Иди бре будало една, какво време дошло, леб ќе неаме да јадеме… ми иде да каснам од предња хауба.
– Ќе јадеш, ќе јадеш предња хауба, ама ќе си ги изедеш убаите моменти поминати на неа, на падините на Водно.
– Их, јаки моменти. 5 мин…
– Епа Дотке, шом е така, неќу да глеам како ни пропаѓа подвижниов имот. Влагам у Проект!
– Давај то шо имаш заштедено!
– Од мене скршена пара не добијаш. Откако ја омаживме ќерката, сеа собирам за умирачка. Немааааа!
– Аман ма?! Колку пари штедиш месечно ќе треба да живеам 134 години.
– Нема и нема. За она ѓубре пред гаража не даам пари.
– Шом е така ја отидов по пари! Да живее ММФ, Светска Банка и нашите иствремено.
Подигам од моја банка кредитче од 3 тисуча еура и почнујам. Најпрво фасада на Трабант, мора да му средам. Вадам то пластиката и нитнујам нерџујачи лим, такозвани INOX.
Извини комши, к*р мој више сточна храна Трабант.
Светнуе фасада на Трабант у пизду материну. Шо да ти кажујам, ми иде и барокна тераса да му напраам. Се решаам за жмигавци од АУДИ 6-ка и фарои од она наочарките од Мерџо. Спроведујам то у дело па му се мислам:
– Седишта, нормално кожни, да учипам од Сузуки, Голф или Хјундаи?

trabant1_majkatiitatkoti

Пошо буџет ми се намалује се одлучујам за јефтинија варијанта-Голф. Иам пари уше за патосници па се одлучујам за оние Митцибуши кои со мало дотеруење ептен лежат на АдиБас патика, апостолки и пластчни папучи.
Ипак, безбедност је у питање. Кола, па макар и Трабант, у денешно време, без ЦД, радио и јаки звучки не долази у обзир. Цеца, Драгана Мирковиќ, Шаулиќ, Гавазова…на транзистор ќе ги слушам?
У Новус пазарам најнов модел Пионир со јаки басои. Последните пари од кредитот ги даов за ова задоволство.
И, шо сеа?
Да живее ММФ, СвеЦка Банка и нашите ни банки. Требујам уше едно кредитче од 2500 еура. Дотка моја, зголемује доза на Дијазепам од 2 на 5 мг. Почнуе све више да веруе у Бога па, коа да ме види како се мотам околу Трабантот, се крсти. Изглеа си вели:
– Господе, дај му здравје и долговечност на мојон Љоко.
Со новотребуеново кредитче иам еден куп идеи али почнујам со оној, шо вели Прцот, ЏПРС (нешо слично на Гугле Мап ама со улици). Ќе се најде коа ќе идеме со Дотка до Дојран и Тиквешко. Скуп у пизду материну тој ЏПРС-от али, ипак остануе некој ситниш за клима, АБС, прозори на дугме, централно закључуење и задњи сензори со кои делумно го завршујам Проектот.
Ја викам Дотка заеднички да го разглеаме Проектот. Се собираат комшии, пријатели, познаници и, нормално, по некој душман, кој од љубомора, знае да промрчи оти ова моево е налудничава идеа и мегаломанско лудило карактеристично за климактерични госпожи кои маваат шминка, дебела ко бетонска кошуљица за ламинат.
– И сеа?!  Сеа шо праиме? – ме прашуе еден од тоа душманите уз свесрдна подршка на моја Дотка.
– Нишо, шо треба да праиме?
Онаа мојана, караконџула Дотка, едвај чекаше да отвори уста ко Министер на пратенички питања, коа одговара на наручено питање.
– Ти не си здрав! Тебе ти фали нешо! 5,5 тисуча еура бапна за нешо шо нема кочници, нема мотор, нема ручна, нема гуми, нема акумулатор… нема нишо, нишо бе нема… НЕ СЕ ДВИЖИ!
– Ама Дотче… чекај… види… ММФ, СвеЦка, нашиве… види Проектов…
– Јеби се! – вади мобиљката и врти некаде…
– Валееее, ало Валеееее! Легнаа парите?! Шом е така, доаѓај со мојот Проект!
За 5 мин. ете ја Вале со нејзиното ремек дело.

trabant_spomenik

Е јебига!
Посетено 1.060 пати

Бата Џанго

Бата Џанго

Бата Џанго