Секој у свето има право на протест – Кирил Стоименов
Секој у свето има право на протест. Можеме да се збереме 100 души шопја и у Кочани да протестираме зашо убиват делфини у Јапонија.
Така да, извесен Кристофер Јовановски може да простира за чие име сака. Само шо ја мислам дека поконструктивно е повеќе Кристофери, Џонови и Мајкали колективно да се откажат од една дневница и парите да ги донират навам, пример за реновирање на локални болници, за братучедите им Ристо, Ване и Мичо да не цимеруват со лебарки додека лежат у истите.
Ама па кој сум ја да кажувам шо е паметно, а шо не…
Посетено 740 пати