Се преселив на нова планета
Отварам врата да се спасам од звукот на ѕвончето
што пола саат ми пара уши и гледам едно детуле,
микроскопски малецко, нема ни 8 години.
-чичко сакате да го купите мачево – ме прашува
-ама мртво е!
-не е мртво, само спие
-хмм и колку дена овака спие?
-три, не сака да се разбуди
-колку пари е?
-100
-добро, еве ти 100 денари
Влегов дома и го ставив во фрижидер.
Утредента пак истово дете,
во раце држи мртва девојка.
-чичко сакате да ја купите сестра ми
-гледам и она спие како мачето, од кога така ?
-па 6 години, заврши средно и заспа
-добро, колку пари е?
-500
Ја купив и неа.
Наредните денови детево ми продаде
скршена скара,
песочна плажа и раскантана лежалка,
шанк со сите пијачки,
шлепер цигари и плантажа кафе,
наочари за сонце и термо чорапи
итн, итн…..
Се тоа збутав во фрижидер и гледам дека
веќе е полн, ама ПОЛН СО СЕ’ што ми треба
Па што мајка барам тука да живеам,
ќе си живеам во фрижидров
барем нема кој да ме тупи – логички укапирав
Си го земав лап-топот влегов внатре, нежно ја затворив вратата
и се отчекирав од овој свет
Посетено 542 пати