Се оди ли мамурен по јогурт?

Одам пред некој ден умрен мамурен, на фацата тен како златен делишес, дебел и разгаштен да си купувам јогурт.

Пред маркето ме среќава еден пријател на мојте и ми вика:
-Дека си бе мајсторче, еден век не сум те видел. Добро изгледаш да ти кажам, со оглед на тоа какви слики со јадења ставаш…

Разменивме уште некој ред маабет и пред да се разделеме ме информира дека ќе одил до некоја оптика да си земе новите наочари, мењале му диоптер.

Посетено 481 пати