Се е исто драги мои, дури и камшикот останува со примопредаја…

Алаѓозовски дал пари за прослава на годишнина на фирма 🙁 Се спомнуваат 100.000 евра? Исправете ме ако грешам! Пошто се друго средивте, од парите што ви останаа откако другите ги поделивте на народот, до славење ви дошло? 🙁

Со жалење морам да констатирам дека Македонија останува во приватна сопственост на власта. Секоја нова си продолжува да си ја третира како своја, се понаша како газда со камшик во рака и со неа си прави што си сака. Притоа, на уши седи и баш ѝ е гајле што вели народот кој во неа живее, кој повеќе и не зборува, туку буквално лелека, но никој не го слуша. Се е исто драги мои, дури и камшикот останува со примопредаја… само газдата се менува 🙁

Посетено 614 пати