САЊА РИСТИЌ: “Девојката без шминка” го нашминка стомакот

stomace-sanja-naslovna_majkatiitatkoti
БРЕМЕНОСТ И УМЕТНОСТ

Една од ретко покриените теми за време на бременост е влијанието на оваа состојба врз креативноста на мајката. Во овој период, покрај расцветувањето на сите хормони, таа е во ментална состојба кога има можност да искаже чисти и искрени емоции на површината без никакви бариери, скриени замисли или стравови.
Неколку истражувања покажуваат дека голем процент од бремените жени се похрабри, поенергични и поспособни во искажувањето на своите емоции и креативност од пред бременоста. Причинители за овие состојби се хормоните како естроген и окситоцин кои се ослободуваат за време на бременоста и драматично ги збогатуваат деловите во мозокот поврзани со меморија, учење и креативност особено кај оние идни мајки кои имаат поврзаност со креативна работа.rimmel baner TRAKA textПоврзано со оваа тема, на само неколку дена пред породувањето Сања Ристиќ ексклузивно ни ја даде можноста да ги објавиме фотографиите каде се споени, како што вели таа, најсилните емоции обоени со многу љубов, чувството на создавање и делењето на една душа на две. Во овие фотографии е преставена комбинација од неизмерна безусловна љубов, креативност и уметност како и почеток на највисокиот степен на создавање – создавањето на нов живот. За неа искажувањето на емоциите преку вакви креативни дела е прибежиште од секојдневните хаотични настани од чија енергија не сака да црпне додека е во оваа состојба, туку напротив, сака спокојно и позитивно да си ги поминува овие денови.
Идејата започнала од нејзината желба за спомен фотографии од овој преубав период, а е реализирана со помош на уметничката душа и графичката доработка на Милка Исјановска и фотографот Александар Саше Ивановски.
 @sanjalala
Следете ја на Инстаграм: @sanjalala

sanjalala

Посетено 16.275 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!