Само кеш од сега
-извини, немам пари да го платам пивото
-ми вика една гостинка
-и сега?
-а да те гушнам наместо тоа?
-па не е баш исто ама ај
Ме гушна
-толку?..треба уште 9 пати да ме гушнеш
една гушка е 10 денари
Ме изгушка и си отиде среќна што не плати
-А може и јас?
-не може, машко си
-а јас?
-не може
-ама женско сум
-да ама смрдиш на запршка
-а јас?
-ај може и ти
-а јас?
-добро
И така тоа траеше со денови
и баш убаво ми беше
се додека еден ден не ми се појави
типот од кај што набавувам пијачки
-еј што тука?
-како што, ми должиш пари
-еејјјј немам пари, а може да те гушнам?
Ми го скрши носот и ми ги исцеди очите
во цедалка за лимуни
Сакам да кажам не примам више гушки,
опасни се по здравје, само кеш
Посетено 4.278 пати