Така и испадна, сосема непланирано

Scent-of-a-Woman_panker

„сакаш да танцуваме?“- ме прашува
„мислиш да играме?..многу глуп ми е тој збор“
„се игра фудбал, кошарка, си играш со туѓи судбини и животи
а на музика се танцува“
„добро, скрати…. што ќе тацуваме..танго, шутка?“
„ја знаеш Dance me to the end of Love?“
„ја знам песната ..сакаш да ми кажеш да танцуваме
додека не ни заврши љубовта?“
„да“
„ама не сум заљубен во тебе“
„ќе се заљубиш“
„ау, види ја самоуверена..ама ако се заљубам
тешко се одљубувам“
„ако супер“
„што е супер, ќе ми се сврти во глава после 2 мин
и ќе се онесвестам.. сакаш таков дечко?“
„тебе те сакам..и нема да се онесветиш,верувај“
„ок, ај да пробаме“- си ја замисливме песната
во нашите глави и така почнавме
Имаше право , се заљубив
и за чудо не се онесветив.. мислам ми се вртеше
во глава ама некоја убава вртоглавица
И така не престанавме да танцуваме
И кога се земавме- танцувавме
И кога се пораѓаше- танцувавме
И додека умираше – танцувавме
Сега сум сам и не ми се танцува
Ама кога ќе умрам сакам сите да танцувате

Посетено 7.513 пати