Шамарите на татко ти
Најчестиот флеш-бек од детството
Ова боли највеќе од целиот ќутек што ќе го изедеш како дете. Не болат само образите, туку и честа и душата. Моментот пред овој свечен чин, додека си во дилема дали ќе ти опрости или не, го прекинува струење на воздухот од таа ‘изработена’ дланка.
И така раката пратува кон својата цел. Во таа мили-секунда ни текнуваат миљарда контрадикторни маубети: ‘Да кажам ли дека пушам?’, ‘Или подобро да кажам дека имам четири ќеца?!’, ‘Ама беше јака комшиката Ивана сабајле!’, ‘Утре ќе ја играм Реал на стотче!’, ‘ДАЛИ ЌЕ БОЛИ СЕА?’.
ЌЕ БОЛИ! Ќе боли до Армагедон. Прво ќе болат образите, па јаболчниците, па ќе свират уши, па ќе течат солзи од закрвавени очи. А ти, молчиш. Не изустуваш ни збор. Штама.
Понижен си и посрамотен. Мајка ти нема право на збор, ни баба ти, никој. Татко ти како шампион во тешка категорија кој освоил лесен меч, ноншалантно ја напушта собата. А ти се сеќаваш. И плачеш.
НО ФАЛА ИМ НА СИТЕ ТАТКОВЦИ:
“поради ваквите шамари луѓето стануваат луѓе…или пак не”.