Сама со себе во Намќорград

smeenje-pocetna_majkatiitatkoti[fblike]
-досадно ми е – ми се жали
-и мене…. еј ми текна!!!
-што?
-ај ќе идеме по улица и ќе се смееме
-не ми е до смеење
-и мене ама за инат
-чив инат?
-сите ќе мислат дека се смееме од среќа
и ќе пукнат од мака
-или ќе мислат дека сме луди
-па боље луд и насмеан него нормален и намќор,
лудиот не знае дека е луд а нормалниот
знае дека е намќор и срце му се кине
кога ќе види некој среќен
-хаха да…ај идеме да ги дотепаме
И така наравивме,
првиот што не виде од мака го стрефи срце,
вториот се обеси на бандера,
цајканот извади калашњиков од кола
и почна да пука по сите околу него
Овака по слободна проценка уби едно 17.620 луѓе,
на крај си пукаше во глава
Станарите од блок 19 колективно ја запалија зградата
и изгореа сосе неа,
тие што не знаат да пливаат се фрлија во Вардар
тие што знаат исто се фрлаа ама намерно промашуваа
и се сплескуваа на плочките на кеј,
итн, итн, итн
Кога не’заболеа вилиците и престанавме со смеење
више не остана никој жив во градов,
само ние двајца во цел Намќорград
-што направивме бе Зоки, сите се мртви, сега што? – ме прашува
-пааааа, сакаш да се фатиш со мене?
-со тебе?
-па да, да не имаш подобар избор?
-аха значи, тоа ти било идејата уште во старт,
да елиминираш конкуренција?!
Срамежливо потврдно климнувам со глава
-па добро бе будало, не мораше цел град
да го убиеме, можеше и пред ова да ме прашаш
и ќе ти речев „да“
Толку се израдував, ама толку најмногу што од возбуда
срцето почна да ми чука 200 на саат,
да ме стегаат градите и да не можам да дишам,
да ми се кочи левата рака, да ми трепери десното уво
а очите си ги заменија местата
-слушај..ај викни брза помош многу ми е лошо – и’ викам
-а како да викнам кога сите се мртви?
Хммм во право е –си мислам додека се струполувам на земја
борејќи се за воздух
а она стои над мене, пали цигара
и пред да си отиде ја слушам како си мрмори:
-значи кретен си Зоки, кретен над кретените,
сега ќе морам да се фатам сама со себе
Посетено 578 пати