Сакам да се самоубијам…
Тоа е тоа што те убива пред да се самоубиеш самиот…
Искрен текст напишан во почетна фаза на депресија,
кој не секој е способен да го разбере
Денес не е тешко да се издигнеш над оние кои нечесно се издигнале, не е тешко да го добиеш она што го посакуваш целиот твој живот, независно дали се работи за нешто материјално, душевно или поврзано со луѓе.
Тешко е кога ќе сватиш дека ништо не е недостижно доколку имаш силна верба во себе и својата потсвест, во Бог и добра душа, како што не учат книгите “Моќта на потсвеста” или “Библијата” … но, што ако не се вистинити и не делуваат?
Тешко е кога ќе сватиш дека си еден од ретките личности во светот кои размислува на поинаков начин од останатите и една од црните овци во белото стадо.
Тогаш ја губиш смислата за живот, за твоето постоење, ја губиш вољата за успех, а толку си блиску до целта.
Едноставно, доволно ти е што не си ист како сите останати.
Ти си различен!!
И тоа е она што истовремено те исполнува и те прави да се чувствуваш депресивно и осамено.
Губиш се. На крај, се губиш себеси..
Не ти е важно ништо, сакаш само да се одмориш од се, да не излезеш од твојата соба со денови, месеци, а можеби и години, сеедно.
Влегуваш во фаза во која ти сметаат сопствените мисли, живееш во свет кој не го познаваш и се ти изгледа толку реално и глупаво, бесмислено.
Почнуваш да размислуваш за еден од најголемите човечки гревови – самоубиство.
Самата помисла како го правиш тоа те ослободува, те смирува.
Тогаш сваќаш дека си во депресија и не превземаш ништо. Мислиш дека тоа чувство ќе трае засекогаш и не се ни трудиш да го смениш.
Уживаш во својата тага и депресија, ти годи запаѓањето се подлабоко и подлабоко во неа – од непозната причина, небитно.
Чувствуваш дека во твоето срце и душа има празнина, која никој и ништо не може да ја исполни, бидејќи за жал НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДАВСТВА НЕ ДОАЃААТ ОД СТРАНА НА ТВОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ!
Тоа е тоа што те убива пред да се самоубиеш самиот…
Посетено 4.139 пати